Зошто СОАП?

Едно е само набрзина да ја прочитате Библијата – Друго е да ја прочитате внимателно со намера да го вложите времето во размислување на прочитаното. Самите ќе забележите дека ќе се појават зборови кои не сте ги виделе порано! Овој метод ви овозможи подлабоко проучување на Светото Писмо и поголемо разбирање отколку ако едноставно ги читате стиховите. Дозволете ми да ве охрабрам да го користите СОАП Метода и уверете се колку повеќе профитирате од вашето секојдневно читање……ќе се изненадите.

Што значи СОАП?

S– Светото Писмо (англиски: scripture)

Опишете ги стиховите. Ќе бидете изненадени од она што Бог ќе ви открие ако само застанете и го опишете она што го читате!

О– Набљудување  (англиски: observation)  

Што гледате во стиховите што ги читате? На која целна група се обраќа текстот? Дали има повторување на зборови?  Има ли збор што ви паѓа во очи?

А– Употреба  (англиски: application)  

Ова е кога Божјиот Збор станува личeн. Што ми кажува Господ денеска? Како можам да го употребам она што го прочитав во мојот живот?  

Дали треба да направам промени во животот? Што можам да сторам? 

P– Молитва  (англиски: prayer)  

Изразувајте ги вашите молитви со Божјиот Збор. Заблагодарете Му се од дното на вашето срце. Ако Господ нешто ви открива во време на молитвата, молете се за тоа. А кога Господ ќе ви ги открие гревовите, исповедајте Му ги вашите грешки. 

Проучувањето на Божјиот Збор вака може да трае малку или се додека имате време да дадете. Некои денови можат да потраат само 10 или 15 минути, други денови подолго.

 

Како да ја користам СОАП методата?

Еве еден личен пример…

Колосијани 1:5-8

S – Светото Писмо (англиски: scripture) 

заради надежта која се чува за вас на небесата, за која чувте порано од вистинското слово на Евангелието,

6кое дојде при вас, како и во целиот свет, и плодоносно расте како и при вас, од оној ден кога го чувте и ја запознавте Божјата благодат во вистината,

како што го научивте од Епафрас, наш возљубен сотрудник во службата, кој е верен Христов служител за вас,

кој и нè извести за вашата љубов во Духот.

О- Набљудување  

(aнглиски: observation)  

Што гледате на прв поглед?

  • Кога ќе ги споите верата и љубовта, добивате надеж.
  • Мораме да запаметиме дека нашата надеж е во рајот.
  • Евангелието е зборот на вистината.
  • Евангелието постојано дава плод и расте од 1-виот до последниот ден.
  • Потребно е само еден човек да смени цела заедница. Епафраc.

A- Употреба  

(aнглиски: application)  

Нешто што ми се истакна денес беше како Бог користел еден човек, Епафраc за да смени цел град. Се потсетив дека ние сме едноставно повикани да им кажеме на другите за Христос… Божја работа е да го шири евангелието… да го одгледува и да дава плод. Чувствував дека денешните стихови се речиси директно кажани на LGG… „Во целиот свет ова евангелие вроди со плод и расте, исто како што тоа го прави меѓу вас од денот кога го слушнавте и ја разбравте Божјата благодат во сета своја вистина.“ Зарем не е забавно кога Божјиот Збор ќе стане толку жив, и ни зборува директно?!!!! Мојата молитва денес е дека сите жени вклучени во оваа библиска студија ќе ја разберат Божјата благодат и ќе имаат жед за Неговото Слово.

P- Молитва  (aнглиски: prayer)  

Господи, те молам помогни ми да бидам “Епапрас”…..да им кажам на другите за тебе и потоа да ги оставам резултатите во твоите љубезни раце. Tе молам помогни ми да го разберам и применам она што го прочитав денес лично во мојот живот, со што  станувам сè повеќе како тебе секој ден. Помогни ми да живеам живот кој го носи “плодот” на верата и  љубовта… полагајќи ја мојата надеж на небото, а не овде на земјата. Помогни ми да се сетам дека НАЈДОБРОТО допрва доаѓа!

Најважните состојки на СОАП методот е вашата интеракција со Божјиот Збор и вашата примена на истата во вашиот живот.

РЕСУРСИ ЗА МЕТОД НА СОАП

Сите студии и Библии се создадени со методот на СОАП. Нашите материјали ќе ве поттикнат да комуницирате и да растете подлабоко во Божјиот прекрасен Збор!

100% од вашето купување се враќа во нашата служба за да
ни помогне да им го обезбедиме Божјиот Збор на жените ширум светот на нивниот јазик! Досега, ги преведуваме нашите студии на 40+ јазици и сакаме да продолжиме да растеме!

Со вашето купување помагате да расте нашата служба!