Сведоштва

Десетици илјади жени се собираат заедно низ целиот свет за да го проучуваат Божјото Слово преку нашите преведени библиски студии. Некои жени ги прават нашите студии сами додека други се приклучуваат на локални групи или онлајн групи.  Жените низ целиот свет копнеат да се здружуваат не само за да ја проучуваат Библијата, туку и да формираат љубезни и охрабрувачки заедници во кои се негуваат и растат во нивниот духовен живот.

Придружете ни се во славењето на сето она што Бог го прави преку Љуби Го Бога со цело срце додека читате сведоштва од некои од нашите жени.

“Кога жените се опремени со знаењето на Божјата вистина, cветот ќе се промени. Една жена по eдна.”

Танја Кутник

Хатерсхаим, Германија

Живеев секој ден без вистинска цел. Мојот живот изгледаше бесмислен. Дали бев саканa?
Дали сум скапоценa? Што ќе се случи откако ќе умрам? Зошто сум воопшто живa?

Пред многу години знаев дека треба многу сериозно да се занимавам со овие прашања. И Бог ме слушна.

Тој беше среќен да одговори на моите прашања, а јас го запознав на многу посебен начин. Бог избра личност која ќе ми го донесе евангелието. Го прифатив Неговиот дар на спасение. Добив не само одговори на моите прашања, туку го примив Исус како мој љубезен Спасител. Сега имам убава врска и надеж која може да дојде само од Него.

Роденa сум во Македонија, но раното детство и животот го поминав во Германија. Секогаш копнеев да останам во контакт со македонската култура и народ. Еден ден, во мојата црква во Франкфурт, Германија, бев запознаенa со „Love God Greatly“. По некое време Господ ми отвори врата да му служам на македонскиот народ. Од мене беше побарано да ги преведамбиблиските студии на македонскиот јазик. Бидејќи сè уште учам македонски, долго
размислував дали сум вистинската личност за ова. Набрзо сфатив дека Бог ме сака на ова место и ме подари со мојата верна пријателка и ко-преведувачка Анита. Желбата на нашето срце е да ги доближиме луѓето до Исус, преку нашите преводи.

Сега ја знам целта на мојот живот и целта што Бог ја има за сите свои деца. Особено во овие времиња на немири и војни што се случуваат низ целиот свет, пандемии и прогонство на сестри и браќа, можам да верувам и да се фокусирам секој ден на вистината дека Исус ќе го воспостави Своето царство и дека ќе направи сè ново. Cамиот Бог ќе ги избрише сите солзи од нашите очи. Нема да има смрт и нема да има повеќе тага или болка кога Исус ќе се врати.

Тања

Придружете се на нашата заедница

Љуби Го Бога со цело срце започнува со едноставен библиски план за читање, но ние не застануваме тука. Сакаме локално да се собираме во домовите и црквите, додека други се поврзуваат онлајн со жените низ целиот свет.