Нашата мисија да им помогнеме на жените да го сакаат Бог со својот живот е обликувана од нашите верувања за Бог и како Тој ни се открил преку Библијата.
Еве кратко резиме на она што ние веруваме дека е вистина:
Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на Небото и на земјата, на сè видливо и невидливо;
И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлината, вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку Кого сè станало;
Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се вплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше, и беше погребен;
И воскресна во третиот ден, според Писмото;
И се вознесе на Небото и седи оддесно на Отецот;
И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство ќе нема крај;
И во Светиот Дух, Господ, кој живот твори, Кој исходи од Отецот, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот, и Кој говорел преку пророците;
Во едната, света, соборна и апостолска Црква;
Исповедувам едно крштение, за простување на гревовите; Го чекам воскресението на мртвите; И животот во идниот век. А М И Н
Библијата е Божјата непогрешливиот Збор.
Бог постои како три во Едно: Отецот, Синот и Светиот Дух.
Исусовото божество, девственото раѓање, безгрешното човештво, помирувачката смрт на крстот, телесното воскресение и вознесувањето на небото.
Сите згрешија и не ја достигнаа Божјата слава.
Спасението е само преку благодатта, само преку вера, само во Христа.
Светиот Дух живее во верниците, давајќи им сила да живеат христијански живот.
Христос ќе се врати да им суди на живите и мртвите.
Воскресението на телото: вечен живот за сите вистински верници во рајот и вечна казна за сите неверници во пеколот.
Црквата ја сочинуваат вистински верници од секое племе, јазик и народ.
На верниците им е заповедано да им ја кажуваат на другите добрата вест за евангелието.